• петок, 05 декември 2025

Зеленски во петок ќе разговара за распоредување на меѓународен контингент во Украина

Зеленски во петок ќе разговара за распоредување на меѓународен контингент во Украина

Киев, 1 април 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во петок ќе се сретне со претставници на мала група земји кои сакаат да го вклучат својот воен персонал во меѓународниот контингент што ќе биде распореден во Украина, јавија британските медиуми.

Зеленски на денешната прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека очекува поконкретни одговори од сојузниците на Киев за нивната подготвеност да го поддржат формирањето на таков контингент.

Русија категорично се противи на оваа иницијатива, забележуваат британските медиуми. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан