• понеделник, 23 декември 2024

Зеленска побара повеќе оружје од американскиот Конгрес

Зеленска побара повеќе оружје од американскиот Конгрес
Вашингтон, 20 јули 2022 (МИА) - Првата дама на Украина, Олена Зеленска во денешното обраќање пред американскиот Конгрес побара повеќе оружје. - Ние сме благодарни за присуството на САД со нас во оваа војна, но војната не е завршена. Ве молам за повеќе оружје … да ги заштитиме домовите на сите и правото да се разбудиме живи во тие домови. Помогнете ни и заедно ќе извојуваме голема победа, изјави Зеленска. Таа покажа и фотографии на ранети деца при руската инвазија. Зеленска вчера во Белата куќа се сретна со првата дама на САД, Џил Бајден. САД од почетокот на руската инвазија на Украина и има доставено воена опрема од речиси седум милијарди долари. ми/

Остани поврзан