• петок, 20 декември 2024

Зелениот караван на Цивил со работилница во Велес

Зелениот караван на Цивил со работилница во Велес

Велес, 1 октомври 2020 (МИА) - Зелениот караван на ЦИВИЛ е посветен на промоција и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Социјалната правда и антинационализмот се дел од европските и зелените вредности кои ЦИВИЛ ги застапува во текот на своето 20-годишно постоење, а во изминатите неколку години и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, потенцира претседателот на Цивил, Џабил Дерала на денешната работилница во Велес.

Тој информира дека нивен приоритет не се само Зелените вредности туку и почитување на човековите права и вредности.

-Зелените вредности и европските вредности се поврзани ,а тоа претставува и социјална и еколошка правда и благосостојба. Не можете да зборувате за здрава животна средина,ако при тоа не ги разбирате основните поставки за тоа што подразбираат човековите права и слободи,социјалната правда и непочитувањето на разликите во општетството.Ако вие не ги почитувате разликите во општеството не можете да ја почитувате и разновидноста во природниот свет, рече Дерала.

Во своето излагање градоначалникот Аце Коцевски потенцира дека национализмот е последно прибежиште на „неранимајковците”.
-Да продолжиме со по зацртаниот пат, да ги прифатиме и негуваме европските вредности, не само декларативно, туку и практично, порача Коцевски. 

На работилницата присуствуваа претставници од општинската администрација, МВР – СВР Велес и на медиумите.

Присутните разговараа за главните активности што се преземаат во промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот,  но и за екологијата и сите предизвици со кои на локално ниво се соочуваат граѓанките и граѓаните на Општина Велес во однос на комуналната хигиена, работничките права, едукацијата и јакнењето на јавната свест.

Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.ад/бт/

 

Остани поврзан