• петок, 22 ноември 2024

Зелената салата благотворна против несоница

Зелената салата благотворна против несоница

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Од целиот спектар од трикови за помирен и поцврст сон, некои од нив, според некои стручњаци, може да бидат сомнителни. Но, други се потврдени од лекари и препорачани од поединци со несоница, кои ги пробале на себе.

„Тиктокерите“, на пр., веќе знаат за топлата напивка од вода и зелена салата, за побрзо заспивање. Самиот напиток е едноставен и безбеден за подготовка - се зоврива вода, се додава зелената салата и се остава да отстои околу 10 минути. Тоа потоа се пие и, како што вели еден задоволен корисник - зелена салата можеби звучи малку чудно, но делува.

Има и истражување што покажало дека глувците хранети со зелена салата спијат подолго. Но, испитувањата се направени на животни и засега не може со научна точност да се потврди дека резултатите би биле исти и кај луѓето.

Иако водата од зелена салата сè уште не е научно тестирана на луѓе, јасно е дека многу луѓе кои ја пијат пред спиење забележуваат смирувачка корист. Освен самиот екстракт од зелената салата, и самата топла вода може да помогне во опуштањето на телото и за подобар сон.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан