Здружението Социо-културен простор Тетово остана без простории
- Здружението Социо-културен простор Тетово и Општината неделава повторно за недоразбирањата околу просториите во поранешно Радио Тетово комуницираат преку медиумите откако тоа се правеше и во
Тетово, 26 ноември 2022 (МИА) - Здружението Социо-културен простор Тетово и Општината неделава повторно за недоразбирањата околу просториите во поранешно Радио Тетово комуницираат преку медиумите откако тоа се правеше и во октомври. Додека минатиот месец пораките беа во насока кој има право да ги користи тие простории, сега Здружението обвини дека останале без објектот затоа што е заменета брава од вратата, посочувајќи ја општината.
- Се соочивме со вандалски чин. Во вторник ни беше побаран клуч за да се организира изложба, а во петокот наутро видовме дека бравата беше променета. Ова се случи иако организаторите потпишаа договор дека се обврзани за да го вратат клучот. Ја известивме полицијата додека групата што се претставува како општински административци бараат од нас да ја отстраниме опремата што не го прифаќаме, изјави Мухамед Мустафа од Здружението.
Општина Тетово е со истиот став како во октомври дека тој објект е на локалната самоуправа и дека Здружението Социо-културен простор Тетово, како и сите организации активностите таму треба да ги координира со локалната самоуправа.
- Меморандумот за соработка меѓу здружението и општината е конкретно само за активности и проекти. Секое културно или образовно здружение на млади да се обрати до општината со барање, а општината ќе ги разгледа сите здруженија кои имаат активности, од општина Тетово ќе им се овозможи да ги извршуваат истите активности, изјави Назми Даути, од Сектор за јавна дејност на Општина Тетово.
Просториите кои ги користи Здружението Социо-културен простор Тетово се познати како зграда во која функционираше поранешното Радио Тетово, сега сопственост на општината. Општина Тетово во октомври од Здружението побара да го напушти објектот и активностите да ги координаира со Одделение за култура и спорт. ас/мс/