• петок, 22 ноември 2024

Здружението „СОС ВИТА“ - Скопје со апел до владата да не ги заборави лицата со посебни потреби

Здружението „СОС ВИТА“ - Скопје со апел до владата да не ги заборави лицата со посебни потреби
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - Поставување соодветни премини, ставање во позитивната листа на некои лекови што се неопходни за лицата со посебни потреби, зголемување на туѓата грижа и мобилност, документите за инвалидска помош да не се повторуваат секоја година, туку да се вадат еднаш засекогаш, се дел од барањата што денеска ги презентираат членовите на Здружението за лица со посебни потреби „СОС ВИТА“ - Скопје на денешната прес-конференција упатени до новата влада. Ертан Шакир, претседател на Здружението за лица со посебни потреби „СОС ВИТА“ - Скопје истакна дека бараат од новата влада да не ги заборави лицата со посебни потреби, бидејќи, како што рече, тие се луѓе како и сите други и треба да бидат еднакви. Тој додаде дека досега повеќепати ги изнесувале своите барања до надлежните институции, но досега во нашата држава никој немал слух за нивните барања. - Бараме од новата влада да не ги заборави лицата со посебни потреби. Во 21 век сме и немањето основни услови за лицата со посебни потреби е мизерија. Како може човек со инвалидитет да живее со 11 илјади денари. Во Здружението има членови на кои само лековите им чинат над 200 евра. Мора да бидеме еднакви, бидејќи и ние сме луѓе и не смеат да нè занемаруваат. За жал сè уште сме занемарени. Во институциите нема премин за лица со посебни потреби. Но, да не забораваат и тој претседател на државата, премиер и министри дека истото што ни се случува нас денес, може да им се случи и на нив,  рече Шакир. Тој посочи дека електричната количка кај нас чини 125 илјади денари и ги праша надлежните институции како може лице со попреченост да купи ваква инвалидска количка со 11 илјади денари за која добива помош. Живко Милевски, член на Здружението истакна дека примањата за туѓа нега и мобилност многу доцнат и апелира до институциите и за нивно покачување. - Човек со инвалидите од 90 отсто  со документи и решение, каква потреба има да оди секоја година на контрола на шест месеци. Што ќе се случи после шест месеци? Ќе му порасне ногата? Нема да му порасне. Состојбата ќе му биде иста и по секои шест месеци. Ногата нема да ми порасне. Јасно пишува траен инвалидитет. Малтретирање е да одиме и да чекаме со часови со ред други болести за да ме прегледа лекар од комисиите за вадење на документите за помош, рече Милевски. За време на своето двегодишно постоење Здружението има донирано над 80 колички и над 45 електрични колички кои ги обезбеди преку средства собрани од донатори. Здружението брои 170 членови од различни вери и националности кои живеат во нашата земја. фф/цр

Остани поврзан