• сабота, 21 декември 2024

Здружението на слепи лица од Штип ќе организира концерт

Здружението на слепи лица од Штип ќе организира концерт

Штип, 5 септември 2022 (МИА) - Здружението за слепи лица Штип во соработка со Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Општина Штип  на 14 септември ќе организираат хуманитарен концерт. Претседателот на Здружението на слепи лица Драги Витанов денеска на прес-конференција истакна дека концертот ќе се реализира по 42 пат, со цел слепите лица да излезат од дома, да се социјализираат и да поминат квалитетено време надвор.

-Целта на концертот е да ги извдаиме слепите лица од дома и да ги мотивираме да размислуваат многу попозитивно на секојдневието и на животот. Затоа што тоа се слепи лица кои седат дома затворени и акумулираат само негативна енергија, вели Витанов.

 На хуманитарниот концерт ќе настапат познати музички имиња, влезот за граѓаните ќе биде бесплатен, а ќе има поставено кутија во која ќе може да се донира. Собраните средства ќе се употребат за активности на здружението. Концертот ќе има и меѓународен карактер.

-На концертот се очекува да настапат реномирани македонски естрадни ѕвезди, како и челнови на Здружението на слепи лица низ Македонија, а оваа одина ќе иамме гости и од Петрич, Бугарија, кои изразија желба да дојдат и тие да учествуваат. Влезот во Домот на култура е слободен, а во фоајето на домот ќе има кутија за донација, средставата ќе бидат наменети за нови настани во текот на годината, рече Витанов.

 Концертот е закажан за  19 часот. Витанов упати апел до сите граѓани кои ќе сакаат да го проследат да дојдат 15 минути порано за навреме да почне.

Иаку, искуството од минатите години покажаува заинтересираност кај граѓаните за ваков вид концерти, а истовремено позитивно влије и кај слепите лица кои постојано остануваат дома затворени. вдј/хс/

Остани поврзан