• понеделник, 23 декември 2024

Зголемување на бројот на заболени од грип, Комисијата за заразни болести со препораки

Зголемување на бројот на заболени од грип, Комисијата за заразни болести со препораки

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести. 

Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека во моментот не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.

- По однос на состојбата со грип моментално имаме зголемување на бројот на случаи и споредено со минатата недела и споредено со просечниот број на случаи во минатите 13 години. Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на највулнерабилните, на најлесно повредливите луѓе, тоа се постарите луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип, рече Петличковски.  

Грипот, како што посочи, го надминал бројот на случаи на Ковид кој е во опаѓање. Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информираше дека од почетокот на сезоната починати се шест лица со грип.

- Последниот случај, станува збор за женско лице на околу 45/46 години со коморбидитети. Во моментот, седум лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, петмина со потврда, а за две се чека. Шест лица се хоспитализирани со Ковид-19, појасни Стевановиќ. бд/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан