Зголемен откупот на земјоделски производи
- Откупот и продажбата на земјоделски производи во второто тримесечје од 2022 година е 3 369 003 000 денари што во однос на истиот период лени претставува зголемување за 29,7 отсто.

Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Откупот и продажбата на земјоделски производи во второто тримесечје од 2022 година е 3 369 003 000 денари што во однос на истиот период лени претставува зголемување за 29,7 отсто.
Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 19,5, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 39,2 процента.
Зголемување е забележано кај сите производи, освен кај индустриските и фуражните растенија, овошјето, млечните производи, рибата и другите земјоделски производи. мч/aa/