Зголемен бројот на читатели во кумановската библиотека
- Кумановци редовно зајмуваат книги, зголемен е бројот на читатели и на одделот за возрасни и на одделот за деца, информираа на денешната прес-конференција надлежните од јавната општинска установа библиотека „Тане Георгиевски“. Од почетокот на годинава досега има 726 нови корисници, додека на детскиот 691 член.
Куманово, 24 јули 2025 (МИА) - Кумановци редовно зајмуваат книги, зголемен е бројот на читатели и на одделот за возрасни и на одделот за деца, информираа на денешната прес-конференција надлежните од јавната општинска установа библиотека „Тане Георгиевски“. Од почетокот на годинава досега има 726 нови корисници, додека на детскиот 691 член.
Перидов се организираат и минисаеми на книги во соработка со издавачки куќи. Во текот на летото, надлежните од библиотеката планираат да организираат и други манифестации, со цел популаризација на книгата кај читаталската публика во Куманово, меѓу нив промоции на книги од домашни автори, литературни читања и трибини, часови со писатели.
-Во овој период се чита буквално сè, белетристика, трилери, научна фантастика, класици, историски романи, модерна психологија. Порелаксиран е приодот и сите сакаат да поминат некој час со интересна книга и содржина. Најмногу чита повозрасната генерација која ја негува навиката на читање, изјави директорката Марија Спасовска.

Стандардно основците и средношколците читаат лектири. Набавка на книги е планирана за декември.
Надлежните од кумановската библиотека планираат дополнително да се посветат на привлекување на младите читатели. Во соработка со училишта и градинки, ќе се одржат промоции на сликовници и книги.
- На овој начин ќе им помогнеме да го засакаат читањето, да ги развијат јазичните способности, изразувањето, вели Спасовска.
Библиотеката ги информира читателите дека е отворена читалната која обично ја користат студентите. ам/хс/
Фото: МИА