• понеделник, 23 декември 2024

Зголемени приходите на „Алибаба“ за 34 отсто на 22,2 милијарди долари

Зголемени приходите на „Алибаба“ за 34 отсто на 22,2 милијарди долари
Пекинг, 20 август 2020 (МИА) - Киенската компанија „Алибаба“ денеска ги објави прелиминарните податоци за приходите и профитот во првиот квартл од тековната финансиска година, што заврши во јуни. Вкупните приходи на компанијата забележаче раст од 24 процетни на 153,75 милијарди јуани (22,2 милијарди долари), а аналитичарите претходно предвидуваа раст на приходите до 147,77 милијарди јуани (21,3 милијарди долари). „Алибаба“ во истиот кварт минатата година забележа раст на приходите од 42 отсто. Приходите на „Алибаба“ од основната дејност - интернет трговија, пораснаа за 34 проценти на 133,32 милијарди јуани (19,27 милијарди долари) во првиот квартал. Акциите на „Алибаба“ котираат на Њујоршката берза и од почетокот на годината нивната вредност е зголемена за 23 отсто. ми/

Остани поврзан