• петок, 22 ноември 2024

За секое прваче во Општина Маврово и Ростуше по шест илјади денари и училиштен прибор 

За секое прваче во Општина Маврово и Ростуше по шест илјади денари и училиштен прибор 

Дебар, 2 септември 2024 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше за сите запишани ученици во прво одделение обезбеди училиштен прибор, а ќе им додели и еднократен износ од по 6000 денари.

Во оваа општина, во четирите општински и нивните подрачни училишта за првпат во ученичка клупа седнаа 40 првачиња или три повеќе од минатата учебна година. 

- На првиот ден од новата учебна 2024/2025 година, градоначалникот Медат Куртовски ги посети основните училишта “Блаже Конески” во село Скудриње, “Хајан Селмани” во Ростуше и “Јосип Броз Тито” во село Жировница. Во текот на утрешниот ден ќе ги посети училиштата “Денче Дејаноски” во село Маврово и подрачното училиште во село Присојница, информираа од општината.

Градоначалникот на сите наставници, ученици и родители им посака успешен почеток на новата учебна година со желби за успешен воспитно-образовен процес. 

-Притоа на сите првачиња им беше доделен училиштен прибор  и материјали за успешно спроведување на наставата. Деновиве ќе им биде исплатена и еднократна финансиска помош во износ од по 6 илјади денари, наспроти три илјади колку што беа исплатени минатата учебна година, додаваат од општината.

Според истиот извор претходно во сите училишта во општината била извршена дезинфекција на објектите и реализирани сите активности за нормален образовно-воспитен процес.

Оваа општина од академската  2021/2022 година, почна да исплаќа финансиски надомест, во износ од по 6.000 денари на студенти кои се со адреса на живеење во општина Маврово и Ростуше, се запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, а кои редовно ги полагаат испитите.  

Исто така, од јануари 2018 година општината доделува по 5.000 денари за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на оваа општина. вт/сст/
 


 
Фото: Општина Маврово и Ростуше

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан