• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За Рамазан Бајрам јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

За Рамазан Бајрам јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред за време на продолжениот викенд поради верскиот празник Рамазан Бајрам, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.

Билетарниците и центрите за персонализација утре ќе работат со вообичаено работно време. В недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кај Транспортен центар и кај Зелен пазар. 

В понеделник дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кај Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП „Скопје“) и во Ѓорче Петров.

Жичницата утре и задутре ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а в понеделник нема да работи.  

Од вторник (1 април 2025 година) жичницата ќе работи еден час повеќе, од 10 до 18 часот.

- Согласно со Одлуката за возен ред во април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови, се вели во соопштението.

ЈСП „Скопје“ на сите верници од исламска вероисповест им го честита празникот Рамазан Бајрам. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан