• сабота, 18 мај 2024

Стјуарт Пич за МИА: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата

Стјуарт Пич за МИА: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата

Скопје, 10 март 2023 (МИА) - Граѓаните на Северна Македонија ја перцепираат корупцијата како еден од клучните проблеми во земјата и Владата треба да покаже дека се справува со овој проблем, порача во интервју за МИА, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.

- Анкетите тука покажуваат дека јавноста, граѓаните на Северна Македонија ја перцепираат корупција како проблем. Владата треба да покаже дека се справува со овој проблем. Постоење на независен систем за назначување заснован на заслуги, на пример транспарентен изборен процес на лица на клучни позиции, вклучително и за судии, членови на Комисијата за борба против дискриминацијата и лица на високи раководни позиции претставува добар почеток, заедно со потребата за транспарентност и отчетност во многу јавни институции, нагласи Пич, кој оваа недела беше во посета на земјава и оствари средби со претставниците на државниот врв.

Тој во интервјуто за МИА изјави дека Обединетото Кралство ја поддржува амбициозната реформска агенда на Северна Македонија, вклучително и реформите што треба да се спроведат за членство на земјата во Европската Унија. Лорд Пич додаде и дека Обединетото Кралство финансиски ја поддржува Северна Македонија во справување со овие аспекти преку повеќе програми.

Интервјуто со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич, заедно со видео материјал целосно ќе биде објавено утре. ац/сп/

Остани поврзан