• недела, 22 декември 2024

За оптимално функционирање се работи на кратење на сајлата на шестоседата жичница на Попова Шапка

За оптимално функционирање се работи на кратење на сајлата на шестоседата жичница на Попова Шапка

Тетово, 8 јули 2022 (МИА) - Деновиве се работи на кратење на сајлата од шестоседата жичница на Попова Шапка, како неопходен чекор за нејзино оптимално и нормално функционирање, информираат од ЕЛЕМ ТУРС, Подружница ски-центар Попова Шапка.

Жичницата, нагласуваат, е пуштена во употреба од 2021 година, од кога до денес интензивно се користи, особено за време на зимските сезони и е една од главните атракции во ски-центарот, пред се поради тоа што е единствена од овој тип во државата.

Кратењето на сајлата е со цел обезбедување на максимална безбедност на посетителите и скијачите, а во согласност со ЕУ стандардите за одржување на овој тип на градби EN 1709 и EN 12927 стандардот за кратење на сајлата кој се однесува на одржување на градби за превоз на луѓе, како и упатството за одржување на шестоседата жичница и дадените карактеристики од страна на производителот за вградената сајла.

-Ова растегнување е значително и најизразено во првите неколку години од пуштање во употреба, на почетокот се регулира со уред за затегнување на сајлата кој го детектира развекувањето и автоматски ја затегнува сајлата до одреден степен се додека не го достигне својот максимум, по што задолжитено се пристапува кон кратење на истата, информираат од Попова Шапка.

Активноста на прави на самото место на жичницата и ќе трае неколку дена. Подготовките траат 3-4 дена, еден ден ќе биде за кратење, по што следат финални прилагодување и тестирања кои траат дополнителни еден или два дена.

Според информациите на ски центарот по оваа интервенција, како и дадените карактеристики и стандардите за одржување на овој тип на градби, не се предвидува дополнителна активност во овој дел во наредните 10-15 години. ас/сст/

Остани поврзан