• четврток, 26 декември 2024

За непрописно престигнување казнети 27 возачи на територијата на СВР Охрид

За непрописно престигнување казнети 27 возачи на територијата на СВР Охрид
Скопје, 5 јануари 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид денеска во периодот од 12:00 до 16:00 часот спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Охрид, при што се санкционирани 27 возачи, од кои 15 на територија на Охрид, шест на територија на Дебар, пет на територија на Струга и еден на територија на Кичево. Како што информира МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.вј/лв/

Остани поврзан