• сабота, 27 јули 2024

За логопедски третман пријавени 30 дечиња од општина Гевгелија

За логопедски третман пријавени 30 дечиња од општина Гевгелија
Гевгелија, 22 февруари 2022 (МИА) - По иницијатива на општина Гевгелија беше распишан Јавен повик за бесплатен логопедски третман на кој се пријавиле 30 дечиња со проблеми во вербалната комуникација. Бесплатната услуга годинава првпат е предвидена со Програмата за социјална заштита и заштита на децата со кои ќе работи дипломираниот логопед Тања Ангелкова. Таа поочи дека превентивата е значаен дел од логопедската дејност која овозможува навремено откривање и отстранување на говорните проблеми и спречува појава на секундарни психолошки и емоционални проблеми при социјалната адаптација на децата. -Во однос на отстапувањата во говорниот развој постојат многу видови на говорни и јазични нарушувања кои се дефинираат како нарушување на комуникација, развојно растројство на говорот и јазикот, специфично растројство на говорната артикулација, пелтечење и нарушување на гласот. За жал, во општина Гевгелија не постои детален податок колку се застапени проблемите во говорот кај дечињата, рече Ангелкова. Според Ангелкова,кога родителот ќе забележи било какви неправилности во говорот на своето дете тогаш е вистинското време за посета на логопед кој одлучува кои методи и техники ќе се користат во одредени случаи. им/мд/

Остани поврзан