• петок, 22 ноември 2024

За Ернандез заврши Мундијалот во Катар

За Ернандез заврши Мундијалот во Катар
Ал Вакрах, 23 ноември 2022 (МИА) – Францускиот дефанзивец Лукас Ернандез повеќе нема да игра на Светското првенство 2022 година. Фудбалерот на Баерн ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено. Ернандез се повреди на вчерашниот натпреварот со Австралија (4:1) и беше заменет во 13. минута. Периодот на закрепнување по ваквите повреди е најмалку шест месеци. Франција нема да може да го замени повредениот Ернандез со друг играч на Светското првенство. Рокот за дополнителни пријавувања истече во понеделникот. Така, во францускиот тим остана само еден класичен лев бек - Тео Ернандез, братот на Лук. На оваа позиција може да игра и играчот од средниот ред Адриен Рабио. зс/

Остани поврзан