• петок, 22 ноември 2024

За една недела санкционирани 165 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За една недела санкционирани 165 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 165 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. - Во периодот од 31 јануари до 6 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 77 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.фф/дма/

Остани поврзан