За една недела отстрането 91 непрописно паркирано возило во Општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 2 септември до 8 септември годинава со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 91 непрописно паркирано возило поради попречување на нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 2 септември до 8 септември годинава со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 91 непрописно паркирано возило поради попречување на нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. мд/дма/
Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар