За една недела казнети 28 возачи за затемнети стакла на возилата
- За непрописно вградени фолии односно затемнети стакла на возилата, полицијата во акциска контрола на територијата на целата држава изминатата недела, 10-16 октомври, казнила 28 возачи.

Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - За непрописно вградени фолии односно затемнети стакла на возилата, полицијата во акциска контрола на територијата на целата држава изминатата недела, 10-16 октомври, казнила 28 возачи.
-На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи. Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат во побезбедни патишта. хс/лв/