• сабота, 22 февруари 2025

За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар денеска апелираа до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. цр/дма/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан