• петок, 22 ноември 2024

За Денот на рударите, САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата

За Денот на рударите, САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата
Македонска Каменица, 31 август 2022 (МИА) - Рудникот САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени како награда за нивното залагање и посветеност во работата. По повод Денот на рударите, на вкупно 123 вработени и оваа година како што информираа од компанијата им беа доделени и дополнителни парични награди, подароци и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравје при работа, како и во остварувањето на производствените цели.
Претходно во пресрет на празникот, на сите вработени во САСА им беа зголемени платите, со што просечната плата во САСА како што додадоа од компанијата во моментот е до 80 проценти повисока од просечната плата во земјава. Од аквизицијата на САСА од страна на интернационална рударска компанија Централ Азија Металс во ноември 2017 година, до денеска, платите во САСА се зголемуваат седумпати, а благосостојбата на вработените и нивните семејства како што истакна генералниот директор Скот Јеланд, отсекогаш била и ќе остане една од главните задачи и определби на менаџерскиот тим на САСА и инвеститорите од Центар Азија Металс.
-Истовремено, САСА ќе продолжи со инвестициите во одржлив развој, затоа што тие се најдобриот начин како да се трасира патот кон подобра иднина. Покрај модернизацијата на производството, тие овозможуваат и зголемена безбедноста и унапредување на условите за работа, како и поефикасна заштита на животната средина и уште поголема благосостојба на вработените и на нивните семејства, изјави Јеланд, честитајки им го Денот на рударите на сите вработени во САСА и во останатите рудници во земјава посакувајќи им добро здравје и просперитет.
Во пресрет на празникот, претходно САСА обезбеди донација за локалната јавна библиотеката „Крсте Петков Мисирков“, чиј книжевен фонд беше збогатен со нови наслови наменети за читателите од сите возрасти во Македонска Каменица и околината.
-Ваквите донации се дел од континуирана поддршка на САСА за заедницата. Имено, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА секоја година вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница, како што се образованието, науката, заштитата на животната средина, здравствената заштита и ранливите социјални групи, додадоа од рудник САСА.
Рудникот за олово и цинк САСА е најголемиот подземен македонски рудник кој од ноември 2017, САСА е дел од Централ Азија Металс, интернационална рударска компанија што котира на Лондонската берза (AIM: CAML).  Од влезот на Централ Азија Металс до сега во САСА се инвестирани над 30 милиони долари во набавка на нова рударска опрема, во дигитализација на техничките процеси, во унапредување на безбедноста, подигнување на стандардите и работните услови во рудникот, како и во професионалниот развој и едукација на вработените.
Во наредниот период од компанијата напоменаа дека се планирани и одобрени дополнителни инвестиции од над 25 милиони долари во најнова опрема и технологија за откопување на руда, што треба да обезбедат стабилна работа на САСА во наредните години и дополнителни вработувања. вс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан