За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
- ЈСП Скопје информира дека в понеделник, поради верскиот празник Богојавление - Водици, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - ЈСП Скопје информира дека в понеделник, поради верскиот празник Богојавление - Водици, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.
- На православните христијани им го честитаме празникот Богојавление - Водици,- се наведува во соопштението. мд/вј/
Фото: МИА архива