• недела, 26 јануари 2025

Зајкова по преземањето на претседателството на ЛИБСЕЕН: Целосна и безусловна интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ

Зајкова по преземањето на претседателството на ЛИБСЕЕН: Целосна и безусловна интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ

Скопје, 26 јануари 2025 

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, заедно со својот тим го презема 4-годишното раководење со Мрежата на либерали и демократи од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН).

Покрај редовните активности на мрежата, главни приоритети во мандатот на претседавањето на Моника Зајкова ќе бидат проширувањето на Европската Унија со целосно интегрирана Југоисточна Европа, кое ќе се постигне преку носење на креативни и либерални решенија за подобрен квалитет на живот, задржување на младите умови дома, во регионот и развој на домашната економија преку иновации и заедничка соработка, како и зајакнување на позициите на членките на ЛИБСЕЕН и на АЛДЕ.

„Чувствувам особена гордост и чест што токму јас ја добив довербата во наредните 4 години да ја водам Мрежата на либерали и демократи од Југоисточна Европа. Се наоѓаме пред историски одлуки поврзани со иднината на Југоисточна Европа. Мој и приоритет на мојот тим, e со работа и носење на либерални решенија, да обезбедиме целосна и безусловна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, со што навистина ќе најдеме начин заеднички да изградиме подобри позиции во меѓународни рамки, но и да направиме нешто добро за регионот и за нашите држави“, изјави претседателката Зајкова.

Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN) ги обединува либералните политички партии во регионот и дава придонес за развојот на регионот преку спроведување на либерални политики во политичките системи на земјите од Југоисточна Европа.

Моника Зајкова е дел и од бордот на АЛДЕ групата (Алијанса на Либерали и Демократи за Европа), и во координација со Renew Europe групата, каде членови се и Каја Калас, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европа и Марта Кос, Европскиот комесар за проширување.

Либерално-демократска партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан