• петок, 22 ноември 2024

Зајкова: Од Пенов очекувам дека во овој ресор ќе даде успешни резултати

Зајкова: Од Пенов очекувам дека во овој ресор ќе даде успешни резултати

Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова, вели дека очекува Ристо Пенов во ресорот локална самоуправа во кој што го нудат како решение, дека ќе даде успешни резултати.

- Ристо Пенов е понуден како човек којшто има политичко искуство, особено искуство во делот на локалната самоуправа. Знаеме дека сите го сметаат за таткото на современото Скопје, зад него стојат низа проекти и за неговите дела може да говорат граѓаните. Јас очекувам дека во овој ресор во којшто го нудиме како решение дека ќе даде успешни резултати, рече Зајкова пред почетокот на јавната дебата на тема „Законско регулирање на средношколското организирање и учество“ во организација на Клубот за младински прашања и политики“.  

Таа потенцира дека точката за избор на член на Владата во која што се предлага Ристо Пенов за министер за локална самоуправа беше скокната затоа што во моментот овластениот предлагач е Владата и чијшто владин претставник е на службено патување. фф/аа/

Остани поврзан