• петок, 05 декември 2025

Затворено Карпошовото културно лето

Затворено Карпошовото културно лето

Скопје, 30 август 2025 (МИА) - Со поетско-музичкиот перформанс „Волкот на љубовта“ на Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски вчеравечер беше затворена традиционалната манифестација „Карпошово културно лето 2025”. 

Настанот ја одбележа интерпретацијата на македонската поезија од поетот Тихомир Јанчовски, кој преку зборовите на големите поети Блаже Конески, Ацо Шопов, Петре М. Андреевски, ја воведе публиката во светот на љубовта и страста.

Бранислав Николов, познат како „Пијан славеј“, кој е македонски музичар - член на групата „Фолтин“, но и писател, со своите песни, ги оживеа емоциите од златните времиња на македонската музичка сцена.вј/

Фото: Општина Карпош

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан