• петок, 05 декември 2025

Затворени избирачките места во Камерун, Бија оди по осми претседателски мандат

Затворени избирачките места во Камерун, Бија оди по осми претседателски мандат

Јаунде, 12 октомври 2025 (МИА) – Гласачките места се затворени во Камерун, каде денеска се одржаа претседателски избори на кои актуелниот претседател Пол Бија бара осми последователен мандат.

Со 92 години, Бија е најстариот претседател во светот. Тој е на чело на државата веќе 43 години, а доколку победи и на овие избори, тој ќе владее со Камерун до својата 99-та година.

Бија дојде на власт во 1982 година по оставката на тогашниот претседател Ахмаду Ахиџо, кој дотогаш беше единствениот претседател од независноста на земјата во 1960 година.

Претставници на Изборната комисија изјавија дека гласањето поминало мирно, а Уставниот совет има рок до 26 октомври да го прогласи конечниот резултат од изборите. Сепак, аналитичарите веќе ја предвидуваат победата на Бија. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан