• недела, 17 ноември 2024

Затворена најстарата француска нуклеарна електрана

Затворена најстарата француска нуклеарна електрана
Париз, 2 јули 2020 (МИА) - Најстарата нуклеарна електрана во Франција е затворена по четири децении работење и долгогодишни кампањи на антинуклеарни активисти, објави порталот ЕУобсервер. Затворењето на нуклеарката Фесенхајм е дел од планот на францускиот претседател Емануел Макрон за намалување на зависноста од нуклеарна енергија и користење на обновливи извори на енергија. Нуклеарката престана да работи на 30 јуни, а процесот на отстранување на горивото од реакторите треба да заврши до 2023 година. Нејзиното комплетно демонтирање не се очекува пред 2040 година. Француското друштво за нуклеарна енергија смета дека затворањето на најстарата француска нуклеарка ќе значи поголемо производство на енергија од фосилни горива и зголемување на емисиите на штетни гасови за околу 10 милиони тони јаглерод диоксид годишно. По нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година во Јапонија, тогашниот француски претседател Франсоа Оланд вети дека ќе ја затвори Фасенхајм, поради реакцијата на германската и швајцарската влада за безбедноста на таа нуклеарка. Во Франција по затворањето на Фасенхајм ќе останат 56 реактори со вода под притисок во 18 нуклеарни електрани. гт/

Остани поврзан