• четврток, 21 ноември 2024

Би-Би-Си: Затворањето на пристаништето Балтимор би можело да чини 15 милиони долари дневно

Би-Би-Си: Затворањето на пристаништето Балтимор би можело да чини 15 милиони долари дневно

Балтимор, 27 март 2024 (МИА) - Експертите проценуваат дека затворањето на пристаништето Балтимор по уривањето на мостотт „Френсис Скот Ки“ можело да чини и до 15 милиони долари (11,8 милиони фунти) дневно, додека не се отвори лентата за превоз, јави Би-Би-Си.

Иако не е најголемо во САД, пристаништето обработува десетици милиони тони товар секоја година, вклучително и испорака на автомобили и извоз на јаглен.

Пукнатиот мост што се протега преку пристаништето е исто така дел од главниот автопат - Меѓудржавен 695 - што ги поврзува североисточниот дел на САД. Сега е недостапен за околу 30.000 жители на Мериленд кои секојдневно го минуваат мостот.

Претставниците на државниот транспорт сè уште не дадоа никакви индикации за тоа кога пристаништето би можело повторно да се отвори за бродови. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан