• понеделник, 23 декември 2024

Засилени контроли како на грчките граници, така и во внатрешноста за спречување на ширењето на Ковид-19

Засилени контроли како на грчките граници, така и во внатрешноста за спречување на ширењето на Ковид-19
Атина, 13 јули 2020 (МИА) - Зелено светло за директни летови од Велика Британија и Шведска; интензивирање на контролите на граничниот премина Промахонас (Кулата) како и во внатреоноста; барање до надлежната Комисија на епидемиолози да ја разгледа можноста за забрана на панаѓури, се дел од одлуките, што ги соопшти портпаролот на грчката Влада, а биле донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со професорот епидемиолог надлежен за Ковид-19 и заменик-министерот за цивилна заштита, јави дописничата на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека во периодот од 1 до 11 јули на влезните точки во земјата биле направени 67.797 тестови, од кои 218 (0,35 отсто) биле позитивни, но бројот на туристи заразени со Ковид-19 бил четири пати поголем на Промахонас, отколку на пример, на атинскиот аеродром. Со оглед на тоа дека од среда, на грчко- бугарската граница дозволен ќе биде влез само со потврда за негативен молекуларен тест, направен 72 часа пред патувањето, Пецас истакна дека потврдите детално ќе се проверуваат, а во случај на “неавтентичен, фалсификуван документ ќе се воведат предвидените санкции”. Засилени контроли ќе има и на двата гранични премини со Албанија на лицата кои имаат право да влезат во Грција (сезонски работници, албански државјани со дозвола за престој во Грција и сл). Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите соопшти дека од 22 јули 2020 година ќе започнат директните летови од Шведска, една седмица порано, како што и беше веќе најавено, почнуваат летовите од Велика Британија, а се разгледува можноста кон крајот на јули да се даде зелено светло за директни летови од САД, но со задолжителен негативен тест. -Бидејќи камбаната на опасност не бие само за пристигнувањата од странство, туку и за појавите на опуштеност во внатрешноста, беше побарано од Комисијата на епидемиолози, на нивниот денешен состанок да разгледа итната забрана на панаѓурите и останатите настани со масовни собири, најмалку до крајот на јули, рече Пецас. Портпаролот на грчката Влада објасни дека од четвртокот до вчера, надлежните органи извршиле 590 контроли во цела Грција за почитување на здавствените протоколи и биле констатирани 63 случаи на прекршувања и изречени 87 казни во висина од 51.000 евра. -Коронавирусот не си замина, туку е тука и се храни од неприфатливите појави на опуштеност, истакна Пецас.ср/сд/

Остани поврзан