• недела, 19 мај 2024

Засадени 11.000 садници на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари летово

Засадени 11.000 садници на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари летово

Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Општина Илинден спроведе акција за пошумување на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари летово и беше уништена шума во површина од 30 хектари.

Во акцијата наменета за збогатување и обновување на шумскиот фонд во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“, засадени се 11.000 садници од видот багрем, а учествуваа голем број граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација, како и општествено одговорни компании.

Целта е да се обнови шумата, велат од Општина Илинден, и заеднички да ја подигнеме еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки ќе ги чувствуваме сите ние, но и генерации по нас.

-Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на акцијата и истакна дека обврска на секој од нас е активно да се грижи во подобрување на еколошката свест, со цел да допринесеме да имаме чист воздух и здрава животна средина, такашто во таа насока ваквите еколошки акции ќе продолжат и во иднина да се реализираат. Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, стои во соопштението на Општина Илинден. ра/цр

Фото: Општина Илинден

 

Остани поврзан