• сабота, 18 мај 2024

Засадени нови дрвја во рамки на спортскиот центар во Карпош 3

Засадени нови дрвја во рамки на спортскиот центар во Карпош 3
Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) - Вкупно 20 високо квалитетни дрвја засадија денеска комуналните служби на Општина Карпош, во рамки на зелениот и спортско-рекреативен центар, кој е во процес на реализација и се наоѓа во состав на училиштето „Лазо Трповски“ во Карпош 3. Како што соопшти денеска Општината, дрвјата се од видот јасен, јавор, како и иглолисни, односно зимзелени стебла. Станува збор за повеќегодишни насади кои достигнуваат висина над три метри. - Раззеленувањето на дворот е најавено уште од моментот кога почна изведбата на спортските игралишта за кошарка, мал фудбал, сервис и ракомет. Во оваа зелена и спортско-рекреативна зона веќе е завршено детското игралиште, а ќе започне и поставувањето на опремата за фитнес зона, соопштија општинските власти. Оттаму посочуваат дека за поефикасно одржување на зеленилото ќе биде поставен и систем за наводнување. - Локалната самоуправа продолжува да развива маалски центри во секоја населба. Станува збор за места кои овозможуваат спорт, рекреација и дружба за сите граѓани, се наведува во соопштението на Општина Карпош. бт/сп/

Остани поврзан