• сабота, 23 ноември 2024

Засадени нови декоративни зимзелени дрвца во Крива Паланка

Засадени нови декоративни зимзелени дрвца во Крива Паланка
Крива Паланка, 27 јуни 2022 (МИА) - Јавното претпријатие „Комуналец" од Крива Паланка набави околу 200 садници разни видови декоративни зимзелени дрвца кои се засадени на повеќе локации во Општина Крива Паланка. Набавката е извршена согласно годишната програма за 2022 година на секторот паркови и зеленило во претпријатието. - Во координација со градоначалникот и локалната самоуправа, направено е модерно и во нов стил хортикултурно уредување на клучките на влезот и излезот од градот, на јавните зелени површини на спојот на главната улица св.Јоаким Осоговски со магистралниот пат А2, Куманово -Крива Паланка, како и на крајпатните зелени и уредени површини и во централниот градски парк. Засадени се декоративни садници: туја, лилјани, царекс, спиреа јапоника, селикс интегра, фотинија, нандина и други. Со ова дополнително е разубавен градот покрај редовното обновување на цветните површини и цветните декоративни форми, изјави Миле Марковски, директор на ЈП Комуналец, Крива Паланка. Секторот паркови и зеленило во претпријатието работи на одржување на урбаното зеленило во кејот на Крива Река, покрај ролерско-велосипедската патека, на сите уредени јавни зелени површини, како и на подигнување нови зелени површини во градот. ид/цр

Остани поврзан