Зариф: Терористички напад во Ница, да го прекинеме маѓепсаниот круг
- Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф остро го осуди нападот со нож во францускиот град Ница, нарекувајќи го „терористички напад“.
Техеран, 29 октомври 2020 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф остро го осуди нападот со нож во францускиот град Ница, нарекувајќи го „терористички напад“.
- Силно го осудуваме денешниот терористички напад во Ница. Оваа ескалација на маѓепсаниот круг на говор на омраза, провокација и насилство мора да биде заменета со здрав разум, напиша Зариф на Твитер.
Шефот на иранската дипломатија се осврна и на силната поддршка на францускиот претседател Емануел Макрон за секуларните закони, со кои се штитат карикатурите на пророкот Мухамед како форма на слобода на изразување.
- Треба да признаеме дека радикализмот создава само повеќе радикализам и дека мирот не може да се постигне преку грди провокации, наведе Зариф. јт/