• сабота, 06 јули 2024

Започнува доградба на објектот во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје

Започнува доградба на објектот во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје
Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) - Директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, Перо Арсеновски денеска најави дека почнува доградбата на објектот во училиштето, при што истакна дека со решавање на овој проблем ќе се реши и проблемот со реализација на наставата и сместување на учениците кои доаѓаат во три смени. Проектот предвидува да се изградат приземје и кат со вкупна површина од 390 м2, односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што ќе бидат поврзани со веќе постојниот објект на училиштето. - Во иднина училиштето нема да работи во три смени и со самото тоа проблемите што со години ги тиштат родителите, учениците и училиштето во делот на реализација на наставата ќе биде надминат, изјави Арсеновски. Тој посочи дека со дејствување на Општината и Советот на Општина Аеродром постигната е целта за која училиштето се залагало долго време. Арсеновски се надева на брзо надминување на пандемијата и очекува учениците да се вратат што поскоро во современите простории, што ќе бидат пуштени во употреба во наредните три до четири месеци. ки/сп/

Остани поврзан