Започна 62. собраниска седница, на дневен ред дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025
- Собранието денеска ја започна 62. пленарна седница на која на дневен ред е дополнетиот предлог на измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година, Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, по скратена постапка.
Скопје, 22 јули 2025 (МИА) - Собранието денеска ја започна 62. пленарна седница на која на дневен ред се дополнетиот предлог на измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година, Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, по скратена постапка.
Пратениците треба да донесат одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество вo меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, а треба да го разгледаат и Предлог на законот за установи за средно образование на верските заедници, во прво читање.
Дневниот ред на 62. седница е дополнет со Предлог на Закон за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка на предлог на пратеници од владејачкото мнозинство, како и со одлука за распишување јавен оглас за директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Седницата почна со задоцнување од еден час, повторно на барање на пратениците на Левица, бидејќи, според нив, се уште не добиле информација од генералниот секретар на Собранието за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници. ев/вг/
ФОТО: Архива