• петок, 05 декември 2025

Започна средбата меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк

Започна средбата меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк

Њујорк, 23 септември 2025 (МИА) - Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп започна во седиштето на ОН во Њујорк, јави Укринформ.

Во изјава за новинарите, Зеленски рече дека главните теми на неговиот разговор со Трамп ќе бидат ситуацијата на бојното поле, безбедносните гаранции на САД и потрагата по пат кон мир.

Претходно, украинскиот претседател рече дека за време на средбата со Трамп се надева дека ќе добие потврда за ветените безбедносни гаранции. Според Зеленски, Украина и нејзините европски партнери подготвиле рамка за овие гаранции - рамка што Европа е подготвена да ја прифати, под услов да добие поддршка од САД. ссм/

фото: архива

Остани поврзан