• понеделник, 23 декември 2024

Започна санацијата на оштетените улици од поплавите во Делчево

Започна санацијата на оштетените улици од поплавите во Делчево

Делчево, 6 септември 2023 (МИА) - Од улицата „Царевоселска“ денеска започнаа градежните работи за санација на улиците оштетени од неoдамнешното невреме проследено со поплави во Делчево. 

Санацијата како што информираа од Општина Делчево предвидува гребење на постоечкиот асфалтен коловоз и асфалтирање со нов слој во должина од 220 метри.

-Исто така предвидено е и површинско одводнување на водата до постоечки сливни решетки и сливници. Работите ги изведува ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, информираа од Општината.

Претходно како што додадоа исчистени се ендеците, речните корита и водотеците во градежниот реон на Делчево.

-Во чистењето употребена е механизација и инженерски тим од АРМ, кои исто така помогнаа во рамките на интервентното одржување на инфраструктурата, додадоа од Општината.

Во рамките на Одлуката на Владата за санација на последиците од невремето, освен улицата Царевоселска е предвидена санација и на останатата патна инфраструктура оштетена од невремето во Делчево. вс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан