Започна програмата за јавни работи во Општина Крива Паланка
- Вкупно дванаесет невработени лица од Крива Паланка со ниски квалификации се ангажирани за извршување јавни работи од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво во рамки на програмската мерка 6.2 на Владата на РСМ и Агенцијата за вработување (АВРСМ), што периодов ја имплементира Општина Крива Паланка.
Крива Паланка, 24 декември 2025 (МИА) - Вкупно дванаесет невработени лица од Крива Паланка со ниски квалификации се ангажирани за извршување јавни работи од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво во рамки на програмската мерка 6.2 на Владата на РСМ и Агенцијата за вработување (АВРСМ), што периодов ја имплементира Општина Крива Паланка.
-Во рамки на оваа мерка ангажирани се 12 лица, шест мажи и шест жени, евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои извршуваат јавни работи од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво. Општина Крива Паланка во реализацијата на програмата учествува со 20 проценти од дневниот надоместок за ангажираните лица, додека останатите средства се обезбедени од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Поради зимскиот период, работното ангажирање ќе трае 30 дена, со по четири ефективни работни часа дневно, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Ангажираните невработени лица извршуваат јавни работи од општ интерес: собирање отпад од уредени и неуредени површини, собирање паднати лисја, чистење улици, пропусти, отворени канали и сливници, кастрење гранки и други активности. ид/дма/
Фото: Општина Крива Паланка