Започнаа градежни активности за изградба на повеќе локални патишта во Македонска Каменица
- Општина Македонска Каменица започна со реконструкција на повеќе локални патишта во селата Моштица и Дулица. Како што истакнува градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски станува збор за локални патишта со вкупна должина од околу три километри.
Македонска Каменица, 12 октомври 2023 (МИА) - Општина Македонска Каменица започна со реконструкција на повеќе локални патишта во селата Моштица и Дулица. Како што истакнува градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски станува збор за локални патишта со вкупна должина од околу три километри.
- Во моментов, вршиме пробивање на трасите од локалните пристапни патишта. Следуваат градежни активности кои опфаќаат тампонирање и асфалтирање на истите. Паралално со овие активности, активно работиме на поставување на отворени канали и пропусти за решавање на проблемите со одводнувањето на атмосферските води, информира Атанасовски.
Општината продолжува да вложува во изградба на нова и модерна локална патна инфраструктура во сите рурални средини. Како што денеска соопштија од Општина Македонска Каменица, станува збор за инвестиција со која значително со подобруваат условите за мобилност на сите жители во градот. цр/
Фото:МИА архива