• четврток, 09 мај 2024

Западноафрикански лидери подготвија план за воена интервенција во Нигер

Западноафрикански лидери подготвија план за воена интервенција во Нигер

Абуџа, 4 август 2023 (МИА) - Министрите за одбрана на западноафрикански земји подготвија план за можна воена интервенција во Нигер за да се спротивстават на пучот.

Одлуката ќе ја донесат шефовите на државите на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), изјави Абдел-Фату Муса, комесар за политички прашања, мир и безбедност на ECOWAS.

„Одработени се аспектите на евентуалната интервенција, вклучително и потребните ресурси, како и датумот и начинот на распоредување на силите“, рече тој на крајот од тридневниот состанок во главниот град на Нигерија, Абуџа.

Тие веќе воведоа санкции кон Нигер и предупредија дека може да се употреби сила доколку водачите на пучистите не ја вратат власта на избраниот претседател Мохамед Базум до недела.

Таа 15-члена организација вчера испрати делегација во Нигер за да побара „мирно решение“. Сепак, дипломатски извор рече дека средбата со претставниците на хунтата, што се одржа на аеродромот, била без успех. зш/

Остани поврзан