• недела, 22 декември 2024

Заменик министерот Исени во посета на СВР Куманово: Полицијата нема да дозволи загрозување на безбедноста на ниту еден граѓанин

Заменик министерот Исени во посета на СВР Куманово: Полицијата нема да дозволи загрозување на безбедноста на ниту еден граѓанин

Куманово, 2 декември 2024 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска го посети Секторот за внатрешни работи Куманово и оттаму порача дека  полицијата нема да дозволи загрозување на безбедноста на ниту еден граѓанин.

- Во рамки на посетата беше разговарано за севкупната безбедносна состојба на територија на Куманово вклучително и настаните со знамето и синоќешното опожарување на три возила и еден објект. Беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна а овие изолирани случаи дел се целосно расчистени а дел се работи на нивно расчистување и изведување на сите прекршители пред лицето на правдата, се наведува во информацијата на МВР.

Заменик министерот Исени уште еднаш истакна дека одржувањето на безбедноста, мирот и спокојот на граѓаните се апсолутен приоритет на полицијата и секој што ќе се обиде на каков било начин тоа да го наруши ќе биде спречен и санкциониран од страна на полицијата и изведен пред лицето на правдата. ам/дма/


Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан