• петок, 05 декември 2025

Заменик министерот за внатрешни работи Исени на завршен настан за имплементацијата на регионалните проекти реализирани со ИОМ

Заменик министерот за внатрешни работи Исени на завршен настан за имплементацијата на регионалните проекти реализирани со ИОМ

Скопје, 19 јуни 2025 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени денеска присуствувал на завршниот настан за одбележување на успешната имплементација на регионалните проекти реализирани во соработка со Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Како што соопштија од МВР на настанот биле претставени главните достигнувања од иницијативите „Инструмент за зајакнување на капацитетите за интегрирано гранично управување со Западен Балкан“(WBIBM), „Инструмент за зајакнување на капацитетите за реадмисија на земјите од Западен Балкан“ (WBCAP), „Заедничка акција на Западен Балкан во борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе“(WBJAST) и Програмата за враќање и реинтеграција на Западен Балкан (AVRR) – Фаза II.

Во обраќањето заменик министерот Исени истакнал дека постигнувањата во рамките на овие проекти се јасен показател за одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и претставуваат пример за успешно и одржливо партнерство засновано врз заемна доверба, стратешка визија и заедничка определба за унапредување на системите за управување со миграцијата.

- Министерството за внатрешни работи останува посветено на одржливи решенија и партнерства кои ќе обезбедат конкретни и ефективни одговори на предизвиците поврзани со миграцијата, водејќи се од стандардите на ЕУ, принципите на хуманост и заедничката визија за стабилен и безбеден регион“, потенцирал Исени. цр/са/

Фото: МВР

Остани поврзан