• петок, 22 ноември 2024

Заменикот на Киличдароглу поднесе оставка по лошиот изборен резултат

Заменикот на Киличдароглу поднесе оставка по лошиот изборен резултат

Анкара, 16 мај 2023 (МИА) - Онурсал Адигузел, заменик-претседателот на Републиканската народна партија (ЦХП) на претседателскиот кандидат Кемал Киличдароглу, денеска поднесе оставка.

Во изјава за турските медиуми тој ова своја одлука ја објаснувасо лошиот изборен резултат.

-За да не му наштетам на изборниот процес на претседателскиот кандидат Кемал Киличдароглу, со кого имав чест да чекорам рамо до рамо, поднесувам оставка од функцијата заменик-претседател на Одделот за информатички и комуникациски технологии на ЦХП поради негативните реакции на јавното мислење, рече Адигузел.

Неговата реакција дојде само неколку часа откако Врховниот изборен совет (ДИК) потврди дека Турција на 28 мај ќе оди на втор круг од изборите, што ќе биде за првпат во својата историја, откако ниту еден кандидат не го обезбеди потребното мнозинство на гласањето во неделата.

Меѓутоа, локалните извештаи велат дека Адигузел бил принуден да поднесе оставка откако толпата поддржувачи на ЦХП го обвиниле за „неспособност“ за време на пребројувањето на гласовите.

Опозицискиот весник „Сочу“ наведува дека самиот Киличдароглу го разрешил од функцијата уште истиот ден. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан