Заменик-министерот Исени на настан за проект за справување со еколошки и криминал со културно наследство
- Како што сопшти МВР, општата цел на овој проект е зајакнување на институционалните капацитети за заштита на животната средина и културното наследство со посебен фокус на кривичните дела против културното наследство и животната средина.
Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска се обратил на отворањето на настан за проектот „Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со криминал против културно наследство и еколошки криминал“- ИПА 2021.
Како што сопшти МВР, општата цел на овој проект е зајакнување на институционалните капацитети за заштита на животната средина и културното наследство со посебен фокус на кривичните дела против културното наследство и животната средина.
Исени истакнал дека културните добра често се предмет на криминал, вклучувајќи грабежи, кражби и трговија со луѓе.
-За ефикасна заштита на културното наследство од недозволена трговија, потребна е здрава законодавна рамка, меѓународна соработка и цврста база на докази и добро насочени проекти, истакнал заменик-министерот Исени.
Исто како и криминалот против културното наследство, и еколошкиот криминал, посочил заменик-министерот, предизвикува значителна штета на животната средина, здравјето на граѓаните и економијата во светот.
Како што напоменал, според последните податоци, еколошкиот криминал претставува четврта најголема активност на организиран криминал, а како резултат на овој вид криминал на глобално ниво се губат од 80 до 230 милијарди евра годишно.
-Со финансиската помош од страна на Европската Унија се обезбеди значителна поддршка во спроведување на реформите. Заменик-министерот Исени истакна дека му претставува големо задоволство што денеска се означува почетокот на спроведувањето на активностите во рамките на овој проект. Во овој дел тој упати благодарност до италијанските карабињери за нивната посветеност и им посака успех во натамошната работа. На крајот од своето обраќање заменик-министерот Исени изрази благодарност до ЕУ и изрази уверување дека Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжат да работат во иста насока и ист интензитет со цел постигнување на европските стандарди, стои во соопштението ан МВР. хс/бак/
Фото: МВР