Законите за непотизам во САД се многу строги и верувам дека се важни, порача американската амбасадорка
- Законите за непотизам во САД се многу строги и верувам дека се важни, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. Прашана дали смета дека децата на функционери и политичари може да се борат против корупцијата, со оглед на имињата на листата на Академијата на судии и јавни обвинители, Агелер рече дека нема да ги коментира овие конкретни листи, со оглед дека Амбасадата не е дел од тоа.

Скопје, 8 март 2023 (МИА) – Законите за непотизам во САД се многу строги и верувам дека се важни, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
Прашана дали смета дека децата на функционери и политичари може да се борат против корупцијата, со оглед на имињата на листата на Академијата на судии и јавни обвинители, Агелер рече дека нема да ги коментира овие конкретни листи, со оглед дека Амбасадата не е дел од тоа.
-Не можам да коментирам имиња. Не сум запознаена со квалификациите и заслугите на никој од тие лица, но верувам дека е важно, новинарите во име на јавноста, ги постават овие прашањата, изјави Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје. аа/ац/
Фото: МИА архива