• недела, 22 декември 2024

Закажано судењето за нападот врз Пендиков

Закажано судењето за нападот врз Пендиков

Скопје, 19 февруари 2023 (МИА) - Охридскиот Основен суд за 28 февруари го закажал првото рочиште против лицето кое е обвинето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди, објави „Телма“.

Основното јавно обвинителство – Охрид пред десетина дена поднесе обвинение против две лица за нападот врз Пендиков.

Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информирале од Обвинителството, тој се товари за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет засега е недостапен и по него се трага.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.са/

 

 

 

Остани поврзан