• сабота, 23 ноември 2024

Заев: Благодарение на Глигоров граѓаните се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот

Заев: Благодарение на Глигоров граѓаните се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот
Скопје, 1 јануари 2020 (МИА) - Денес се навршуваат осум години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија. Киро Глигоров ги поврза двата столба на македонската државност - АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991. Тој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото и мирољубиво осамостојување на земјата и на нејзиното меѓународно признавање, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Благодарение на него, пишува Заев, денес граѓаните на Северна Македонија се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот. дма/рп/  

Остани поврзан