• вторник, 19 ноември 2024

Заев: 15 јули неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки

Заев:  15 јули неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки
Скопје, 15 јули 2020 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев на неговиот ФБ профил најави дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме. - За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Бараа средината на јули – еве им средина на јули, напиша Заев на ФБ. Се знае кој и во минатото бил најодговорен пред народот и државата, така и овој пат, пишува Заев, СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорност.
-Ја информирам јавноста дека го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата.  И овој пат повторно, СДСМ покажа колку повеќе е одговорна политичка партија во споредба со ВМРО-ДПМНЕ, напиша Заев. Според него одговорност е да направиш сè за да обезбедиш институции кои на граѓаните им служат со полн капацитет. -Ни треба активно Собрание – домот на демократијата, домот на народните претставници мора да биде активен. Ова е за спас на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава, напиша Заев на ФБ.
Додава дека натаму одлучуваат граѓаните, тие ќе кажат кој ќе се справува со КОВИД-19 наесен. -СДСМ е носител на одговорна власт, која после 15 јули ќе продолжи да ја води државата на исправниот пат, уште подобро. Тоа го знаеме и го можеме!, стои во објавата на Заев на ФБ.цр/скс/
 

Остани поврзан